Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2011

Ван дер Варт лут поради изоставување од тимот

Рафаел ван дер Варт, фудбалерот на Тотенхем, изјави дека е лут поради одлуката на клубот да не биде во конкуренција за натпреварот од Лигата на Европа против ПАОК во Солун.

Холанѓанецот побрзо отколку што се очекуваше закрепна од повредата на коленото, со која се здоби на крајот на август, кога неговиот тим беше поразен од Манчестер сити со 5-1.
„Можеа барем да ме консултираат кога ја донесуваа одлуката, но што да се прави. Нема враќање. Се свртувам кон следниот првенствен меч против Ливерпул и уверен сум дека ќе бидам во форма за тој дуел“, рече Ван дер Варт за својата интернет-страница.
Во клубот од Лондон дојде минатата година од Реал Мадрид и веќе во првата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 13 голови.
Тотенхем моментно е 15-ти во Премиер лигата со една победа од три меча.

Најнови вести