Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2015

Друловиќ нов селектор на Македонија

Српскиот стручњак Љубинко Друловиќ е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Друловиќ потпиша две и полгодишен договор, односно до крајот на квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
На клупата на Македонија Друловиќ ќе го замени Бошко Ѓуровски, кој на почетокот на месецот доби отказ.
Друловиќ најголемиот успех го оствари со младинската селекција на Србија, со која во 2013 година ја освои шампионската титула на Европа во Литванија.
Едно време беше вршител на должноста селектор на репрезентацијата на Србија, но не доби шанса бидејќи Српскиот фудбалски сојуз одлучи на тоа место да го постави Дик Адвокат.
Македонија по пет натпревари во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, се наоѓа на претпоследното место во групата Ц со три бодови, 12 помалку од првопласирана Словачка.

Најнови вести