Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2015

МЗТ Скопје повторно шампион на Македонија

МЗТ Скопје по трет пат ја совлада екипата на Куманово, овој пат со резултат 94:85, со што ја освои четвртата шампионска титула во историјата на клубот.

Кошаркарите на тимот од Скопје фуриозно го почнаа натпреварот и првото полувреме го завршија со голема предност (59:38). Најголема разлика имаа во 22-рата минута од средбата, кога водеа со 25 поени, но набрзо имаа голем пад во играта, а кумановчани тоа добро го искористија и со серија од 25:8 ја намалија предноста на МЗТ Скопје.
На осум минути пред крајот на натпреварот, Мандиќ постигна тројка, со што екипата на Куманово заостануваше само со четири поени, но набрзо потоа благодарение на Стефан Синовец, МЗТ имаше двоцифрена предност. До крајот на средбата домашните кошаркари рутински ја одржуваа предноста и на крајот победија со 94:85, со што го освоија четвртиот шампионски трофеј по ред.
Најпрецизен играч во тимот на МЗТ Скопје беше Предраг Самарџиски со 22 постигнати поени и 11 скокови, Стефан Синовец постигна 20, Александар Чапин 16, Сеад Шеховиќ 15, а Данило Мијатовиќ 11 поени.
Во екипата на Куманово прв стрелец беше Вукашин Мандиќ со 23 постигнати поени, а Костоски и Бранислав Џекиќ постигнаа по 12 поени.
Во клупската историја на МЗТ Скопје ова е вкупно негов четврти шампионски трофеј на Македонија, додека Куманово по втор пат во финалето не успеа да ја освои титулата.

Најнови вести