Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2015

Новицки ќе ги предводи Германците на Евробаскетот

Дирк Новицки, најдобриот Европеец во НБА-лигата и кошаркар на Далас маверикс, изјави дека ќе игра за репрезентацијата на Германија на овогодишното Европско првенство.

„Сезоната во НБА ја завршив порано, поради што имам можност да играм на Европското првенство. Имам идеална шанса да се збогувам од репрезентацијата на домашен терен и пред фантастична публика. Ќе се обидеме да оствариме успех“, изјави Новицки за „Билд“.
Триесет и шестгодишниот Германец оваа сезона во НБА-лигата просечно постигнуваше 17,3 поени, 5,9 скокови и 1,9 асистенции.
Новицки последен пат за националниот тим играше на Европското првенство во Литванија 2011 година, а со „панцирите“ го освои бронзениот медал на Светското првенство во Индијанаполис (2002) и сребрениот на Европското првенство во Белград (2005). Во престолнината на Србија беше прогласен за најдобар играч.
Германија е еден од организаторите на Евробаскетот, а во групата Б во Берлин ќе игра со Србија, Шпанија, Турција, Италија и Исланд.

Најнови вести