Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2015

Нови апсена во италијанскиот фудбал

Повторно приведување во Италија, утрово биле приведени Антонио Пулвиренти, спортскиот претседател на Катанија, и уште двајца клупски челници, меѓу кои и поранешниот спортски директор Даниеле Дели Кари.

Обвиненијата за местење натпревари ги покренало обвинителството на југот на Италија, во акцијата учествувале полицијата од Рим, Кјети, Кампобаса и Катанија.
Катанија оваа сезона избори опстанок во Серија Б, а ја обвинуваат дека местела натпревари во текот на првенството, но подоцна бодовите им ги препуштала на ривалите кога била сигурна дека ќе заврши над линијата на баражот за опстанок.
Катанија практично обезбеди опстанок на околу шест кола пред крајот, а потоа не победи на ниту еден натпревар.
Најкрупното име во целата акција е Даниеле Дели Кари, некогашниот млад репрезентативец на Италија, стоперот кој, меѓу останатите, настапуваше за Фиорентина, Торино и Џенова. Тој се наоѓа во домашен притвор.
Денес ќе биде одржана конференција за медиумите, кога ќе бидат познати деталите.

Најнови вести