Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2015

Милан го доведе и Лиус Адријано

Милан состави одличен напаѓачки тандем за следната сезона – после Карлос Бака на „Сан Сиро“ пристигна и Луис Адријано.

„Росонерите“ на Шахтар за стрелецот на девет голови во Лигата на шампионите минатата сезона му платиле осум милиони евра.
Договорот на Бразилецот со украинскиот клуб му истекуваше на крајот на годинава, а со Милан потпиша на пет години.
„Ова е многу важен ден за мене и за мојата кариера. Го напуштам Шахтар по осум години, клуб кој ми е многу важен. Веруваа во мојот потенцијал, ми помогнаа да стекнам име во фудбалот. Му благодарам на претседателот Ринат Ахметов и на тренерот Мирчеа Луческу кој ми беше како татко. Им благодарам на соиграчите кои ми помогнаа да стигнам на ова ниво, а посебно им благодарам на навивачите кои ми покажаа дека ме сакаат. Дојдов во најголемиот клуб на светот и едвај чекам да почнам да тренирам со Милан“, изјави Адријано.
По комплетирањето на латиноамериканскиот тандем Бака – Адријано, следна цел на Милан најверојатно ќе биде некој звучен централен одбранбен фудбалер.

Најнови вести