Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2015

Ривалдо и Ривалдињо – каков татко, таков син

Бразилската фудбалска легенда Ривалдо и неговиот син беа стрелци за својот тим во натпреварот од втората лига одигран ноќеска.

Ривалдо има 43 години и постигна еден гол, додека неговиот 20-годишен син Ривалдо помладиот даде два за Моги Мирим, кој го победи Макае со 3-1.
Ривалдо е и претседател на Моги Мирим. Тој минатиот месец се врати од пензија за да му помогне на својот тим да го преброди тешкиот почеток на сезоната.
Екипата беше последна на табелата од 20 клубови сè до вчерашниот натпревар, кога се помрдна од дното.
Моги Мирим не изгуби во ниту еден од двата натпревари во коишто играше Ривалдо.
Некогашниот креатор на играта на Барселона и на репрезентацијата на Бразил изјави дека е благодарен и радосен што можел да постигне гол, а неговиот син два.