Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2011

Верон ја завршува кариерата?

Хуан Себастијан Верон, еден од најголемите аргентински фудбалери во последната деценија, сериозно размислува за завршување на кариерата поради повредата на коленото.

Оваа информација ја пласираа аргентинските медиуми, наведувајќи дека поранешниот репрезентативец не е расположен да легне на операционата маса, поради што ќе мора да паузира подолго време, туку е поблиску до одлуката да го напушти фудбалот.

Капитенот на Естудијантес, за кого игра последните пет години, има договор со клубот од Ла Плата до наредното лето, а тренерот Мигел Анхел Русо и соиграчите се обидуваат да го наговорат да остане.

Во својата богата кариера Верон освен на Естудијантес, боите ги бранеше и на Бока јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Челзи, Манчестер јунајтед и Интер, а за репрезентацијата на Аргентина одигра 88 натпревара.

Најнови вести