Корисничко име Лозинка Пријави се
06.10.2015

Хонда: Милан мора да изврши радикални промени

Кеисуке Хонда, фудбалерот на Милан, денес изјави дека клубот мора радикално да го промени начинот на работа ако сака да прекине со разочарувачките партии од почетокот на сезоната.

„Проблемите на Милан секогаш се исти. Ако не научиме ништо од поразите, значи дека сме многу далеку од обнова на клубот. Гледајќи ги претходните години, мислам дека е јасно дека не се вложуваат многу пари, како што прават ПСЖ или Манчестер сити. Или ќе го направите тоа или ќе морате да ја преиспитувате структурата на клубот. Директорот, тренерот и навивачите мора да ја сфатат ситуацијата“, изјави Хонда за „Газета дело спорт“.
Синиша Михајловиќ, тренерот на „росонерите“, изјави дека екипата мора да работи на менталниот пристап кон натпреварите, а Хонда не се согласува дека само играчите се виновни за лошите резултати.
„Нема никаква смисла да се обвинуваат играчите. За да го промените клубот, потребно е радикално да го промените оценувањето како на директорите и на тренерите така и на навивачите и на медиумите. Знам дека ќе бидам критикуван поради овие зборови, но тие се важни за иднината на клубот“, додаде Јапонецот.
Милан моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата во Серија А, со три победи и дури четири порази, од кои последниот против Наполи на домашен терен (0-4) го доведе во прашање останувањето на Михајловиќ на местото тренер на клубот.

Најнови вести