Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2015

Германија и Полска директно на Европското првенство

Квалификациите завршија и во групата Д, а директен пласман во Франција обезбедија Германија и Полска.

Германија во 80-тата минута од натпреварот против Грузија го осигури првото место во групата. Во првото полувреме немаше голови. Во второто полувреме по пет минути Германија поведе со пеналот на Милер, но само три минути подоцна Канкава го изедначи резултатот. Победата и првото место во групата на Германија ѝ ги донесе Крусе.
Полска до второто место во групата и директниот пласман на завршницата на Европското првенство дојде со победата против Ирска, во дуелот кој директно одлучуваше за тоа кој ќе оди во Франција, а кој во баражот.
Полјаците поведоа преку Кричовјак во 13-тата минута, а само по три минути од белата точка Волтер ја врати надежта кај Ирците. Левандовски беше човекот кој одлучи во 42-рата минута, кога и го постави конечниот резултат.
Фудбалерите на Албанија се пласираа за прв пат во историјата на Фудбалското првенство, откако завршија на второто место во групата И со 14 бодови.
Албанците во последниот натпревар од квалификациите ја декласираа Ерменија во гости со 3-0 и со тоа математички обезбедија пласман покрај првопласираната Португалија, која собра 21 бод.
На едно коло пред крајот во квалификациската група Б, фудбалерите на Белгија и Велс осигурија директен пласман на Европското првенство.
Белгијците ја совладаа Андора со 4-1 во гости и се први на табелата со 20 бодови, а Велс е втор со 18, и покрај поразот од Босна и Херцеговина во гости со 2-0.
Во прилог на Велшаните им беше киксот на Израелците, коишто изгубија од Кипар со 2-1, па Велс сега има четири бода повеќе од третопласираната Босна и Херцеговина и за прв пат во историјата се пласира на финалниот турнир на Европското првенство.
Вечерва од 18 часот играат: Австрија – Лихтенштајн, Русија – Црна Гора и Шведска – Молдавија, додека од 20.45 часот играат: Белорусија – Македонија, Естонија – Швајцарија, Литванија – Англија, Луксембург – Словачка, Сан Марино – Словенија и Украина – Шапнија.

Најнови вести