Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2015

Липи: Немам контакт со Милан

Марчело Липи, поранешниот селектор на репрезентацијата на Италија, ги демантираше тврдењата на некои медиуми дека води преговори со Милан.

Претходно беше објавено дека трофејниот клуб е незадоволен од резултатите на српскиот тренер Синиша Михајловиќ и дека веќе е во потрага за негова замена.
Пред почетокот на сезоната Михајловиќ ја презеде екипата на „росонерите“од Филипо Инзаги.
„Не сум имал никакви контакти ниту со Милан ниту со кој било друг клуб“, изјави Липи, а пренесe „Фудбал Италија“.
Во текот на тренерската кариера 67-годишниот стручњак водеше повеќе италијански клубови, меѓу кои Наполи, Интер и Јувентус, а националната репрезентација од 2004 до 2006 и од 2008 до 2010 година.
Најдобрите фудбалери на Италија под водство на Липи во 2006 година ја освоија светската шампионска титула.
Последната работа на Липи беше на клупата на кинескиот клуб Гвангжу Евергранде, каде што минатата година, по три освоени шампионски титули, објави крај на тренерската кариера.

Најнови вести