Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2015

Виктор Валдес близу до трансфер Еспањол

Шпанскиот голман Виктор Валдес е сосема близу до заминување од Манчестер јунајтед и трансфер во Еспањол, пренесува порталот „Гоал“.

Според наводите на порталот, Валдес веќе преговара со Еспањол и треба да го напушти „Олд Трафорд“во јануари.
Валдес не игра од мај, откога како што рече менаџерот на Манчестер, Луис ван Хал, одбил да игра за младиот тим на Јунајтед.
Ван Хал тогаш наведе и дека Валдес не ја следи неговата филозофија и за таков играч нема место во Јунајтед.
Валдес во Манчестер јунајтес дојде минатата сезона од Барселона, градскиот ривал на Еспањол.

Најнови вести