Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2015

Лига на Европа: Јунајтед во Данска, Ливерпул против Аугсбург

Јурген Клоп со Ливерпул се враќа во Германија и ќе игра против Аугсбург во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа.

Вториот англиски великан Манчестер јунајтед ќе се сретне со екипата на данскиот Митјиланд, додека пак еден од дерби натпреварите ќе биде меѓу Фиорентина и Тотенхем.
Интересен ќе биде во дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Порто, додека пак напнато ќе биде на средбата меѓу Фенербахче и Локомотив Москва.
На Лацио воопшто нема да му биде едноставно против Галатасарај, додека пак голема битка ќе води Шахтар со Шалке, а уште еден интересен дуел ќе биде натпреварот на Вилјареал со Наполи.
Бранителот на титулата Севилја одбраната за трофејот ќе ја започне со норвешкиот Молде, а одличен натпревар би требало да понудат Спортинг и Баер Леверкузен. Интересен ќе биде и дуелот меѓу Марсеј и Атлетик Билбао.
Првите натпревари од шеснаесетфиналето ќе се играат на 18 февруари додека пак реваншите се закажани за една седмица подоцна, а финалето ќе биде во Базел на 18-ти мај.

Лига Европа 1/16 финале:
Валенсија (Шпанија) – Рапид Виена (Австрија)
Фиорентина (Италија) – Тотенхем (Англија)
Борусија Дортмунд (Германија) – Порто (Португалија)
Фенрбахче (Турција) – Локомотив Москва (Русија)
Андерлехт (Белгија) – Олимпијакос (Грција)
Митјиланд (Данска) – Манчестер јунајтед (Англија)
Аугсбург (Германија) – Ливерпул (Англија)
Спарта Прага (Чешка) – Краснодар (Русија)
Галатасарај (Турција) – Лацио (Италија)
Сион (Швајцарија) – Брага (Португалија)
Шахтар (Украина) – Шалке (Германија)
Марсеј (Франција) – Атлетик Билбао (Шпанија)
Севилја (Шпанија) – Молде (Норвешка)
Спортинг Лисабон (Португалија) - Баер Леверкузен (Германија)
Вилјареал (Шпанија) – Наполи (Италија)
Сент Етјен (Франција) – Базел (Швајцарија)

Најнови вести