Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2011

На Мансини му се заканува затвор

Бразилскиот фудбалер Мансини би можело да биде осуден на три години и осум месеци затворска казна поради сексуален напад.

Мансини е обвинет дека нападнал некоја млада девојка на забава која се случила минатиот декември, а ја организирал тогашниот негов соиграч Роналдињо.

Затворската казна за поранешниот играч на Рома, Интер и Милан ја бараше девојката која го тужи Бразилецот. Мансини, наводно, го искористил пијанството на младата девојка за да ја однесе во неговиот стан, каде што сексуално ја нападнал.

Мансини во моментов настапува во бразилскиот шампионат за Атлетико Минеиро, а ги отфрли сите обвинувања за силувања. Според шпекулациите на италијанските медиуми, обвинителите го покренале случајот, но во меѓувреме девојката решила да ја повлече тужбата.

Најнови вести