Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2016

Михајловиќ добива отказ во понеделник?

Тренерот на Милан Синиша Михајловиќ би можел да биде отпуштен во понеделник, пренесува италијанскиот „Тутоспорт“.

Наводно, сопственикот на МиланСилвио Берлускони во понеделник ќе му се заблагодари на Михајловиќ на соработката, без оглед на исходот на натпреварот од 20-тото коло во Серија А против Фиорентина, а како негов заменик ќе биде именуван Марчело Липи.
Ситуацијата на Михајловиќ во Милан не е баш најдобра веќе неколку недели, а секој ден се сè погласни шпекулациите за неговото заминување од „Сан Сиро“.
Липи последен пат на челото на некој тим беше во 2014 година, кога го тренираше кинескиот Гвангжу Евергранде. Тој по завршувањето на договорот со кинеската екипа објави дека заминува во пензија, но сепак се премисли.
 Тој исто така во текот на кариерата, помеѓу останатото ги тренираше Јувентус, Наполи, Аталанта, а во два наврати беше и селектор на репрезентацијата на Италија со која стана светски шампион.

Најнови вести