Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2016

Луиз Адријано се пресели во Кина

Досегашниот фудбалер на Милан Луиз Адријано својата кариера ќе ја продолжи во кинескиот Џангсу Сунинг.

Бразилскиот голгетер во понеделникот допатува во Кина, каде беше претставен како големо засилување во трансферот вреден 14 милиони евра.
Адријано во новиот клуб ќе заработува шест милиони евра годишно, плус два во зависност од бонусите.
Луиз Адријано беше член на Милан нешто повеќе од пет месеци, по доаѓањето од Шахтар, но не успеа да се докаже кај тренерот Синиша Михајловиќ.
Играше уште и за Интернационал, додека пак за репрезентацијата на Бразил одигра четири натпревари.

Најнови вести