Корисничко име Лозинка Пријави се

CASH OUT ИСПЛАТА ЗА Е-ТИКЕТ

Побарајте исплата пред да завршат сите натпревари на вашиот е-тикет.


Опцијата CASH ОUT исплата (рана исплата на тикет) важи за е-тикет на кој не се завршени сите натпревари, не се започнати, но има погодени дел од натпреварите. 

Со оваа опција имате можност да извршите исплата на е-тикетот, но со намален износ кој се пресметува врз основа на тековните коефициенти на преостанатите натпревари кои не се завршени или не се започнати. 

CASH ОUT исплатата не е фиксна и зависи од времето кога корисникот ја прифаќа исплатата. 
CASH ОUT исплатата може да се реализира само за определени настани понудени од приредувачот.

Кога корисникот ја прифаќа CASH ОUT исплатата, е-тикетот добива статус на добитен, исплатата ќе биде со намален износ без оглед каков ќе биде конечниот исход на незавршените или незапочнатите натпревари. 

Исто како и сите добитни е-тикети, износот на добивката со CASH OUT ќе биде намалена за данокот на доход и префрлена на евиденциската сметка на корисникот.


CASH OUT исплата НЕ ВАЖИ за системски е-тикети со повеќе од една комбинација и за е-тикети уплатени со ваучер. 

Во случај на погрешна CASH OUT исплата оносно доколку понудениот износ за рана исплата не е адекватен поради погрешни коефициенти на настаните кои не се завршени или започнати, приредувачот го задржува правото да направи повторна пресметка со точните коефициенти во моментот на CASH OUT исплата. Исто така во случај на погрешна CASH OUT исплата врз основа на погрешно обработен резултат на некој натпревар приредувачот го задржува правото за корекција на резултатот и може да направи повторна пресметка.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА

Доколку имате какви било прашања можете да се обратите на нашата Служба за корисничка поддршка на телефон или на e-mail.

++389 77 728 333

support@sportlife.com.mk

Понеделник / Петок 09 - 21 h  
Сабота 09 - 16 h