09.6.2016  Санчес Флорес го презема Еспањол 
   Раководството на Еспањол одлучи на местото на Константин Галка за нов тренер на првиот тим да го постави Кике Санчес Флорес, соопштено е на интернет страницата на клубот од Барселона.  
 
 Шпанецот минатата сезона седеше на клупата на Ватфорд, но поради лошите резултати во јуни го напушти англискиот клуб. 
Ватфорд првенството го заврши на 13-тото место со 45 бодови.
Флорес со Еспањол потпиша тригодишен договор, а официјално ќе биде преставен на 13-ти јуни.
Педесет и едногодишниот тренер како играч беше член на Реал Мадрид, Валенсија и Сарагоса.