Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2016

Шкендија продолжува, Работнички и Силекс ги завршија своите настапи

Од трите претставника во првото квалификациско коло во Лигата на Европа, само Шкендија успеа да се пласира во следното коло.

Македонскиот вицешампион, Шкендија извојува нова победа, овој пат на гостувањето во Краковија победи од 2-1 и се пласираше во следното квалификациско коло од Лигата на Европа, а за следен противник ќе го има Нефчи од Азербејџан.
Стрелци за Шкендија беа Бесарт Ибраими во 13-тата минута и Ферхан Хасани 93-тата минута, додека голот за Краковија беше автогол на Бесир Демири во 68-та минута. Шкендија постигна две победи или вкупен резултат од 4-1.
Нов пораз, овој пат од 2-1 (вкупно 5-2) доживеа Силекс во реванш дуелот против претставникот на Лихтенштајн, Вадуц. Тимот од Кратово поведе на натпреварот со погодокот на Мицков во 31-та минута, а таа предност ја имаше се до финишот на натпреварот каде прво преку пенал во 89-тата минута Констанцо израмни на 1-1, а кога се беше готово во четвртата минута од продолжението Месуд погоди за целосен пресврт и победа на гостите. 
Минимален, но пораз од 1-0 (вкупно 2-1) на реванш дуелот против црногорскиот претставник Будуќност, доживеаа фудбалерите на Работнички. Фудбалерите на Работнички на гостувањето кај Будуќност во Подгорица беа совладани со голот од пенал на Ристо Радуновиќ во 18-тата минута и вкупниот резултат на двојниот натпревар е 2-1 за екипата од Црна Гора.

Најнови вести