03.9.2016  Италијанците без Де Роси во Израел 
   Репрезентацијата на Италија ќе биде без Даниеле де Роси во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.  
 
 Играчот за врска на Рома има проблеми со листот на ногата, па ќе го пропушти натпреварот со Израел во понеделник во Хаифа.
Искусниот Де Роси се повреди завчера, во пријателскиот натпревар со Франција, којшто Италија го изгуби со 3-1 во Бари.
Покрај Де Роси, во Хаифа нема да игра ниту Леонардо Бонучи, стоперот на Јувентус, кој има семејни проблеми.