15.11.2016   Саутгејт селектор на Англија до ЕП 2020 година 
   Како што пренесоа англиските медиуми синоќа, Фудбалскиот сојуз на Англија е подготвен да го именува Герет Саутгејт за селектор на репрезентацијата по пријателскиот натпревар кој неговиот тим го игра денес со Шпанија.  
 
 Герет Саутгејт, некогашниот менаџер на Мидлсборо и селектор на младата репрезентација на Англија, ќе добие договор на четири години.
На клупата на селекцијата А на Англија седна како вршител на должноста селектор откако Сем Алардајс доби отказ.
Како што пренесе „Телеграф“, во Сојузот се задоволни од Саутгејт и ќе му понудат договор на четири години, вреден шест милиони фунти, по 1,5 милиони за секоја година.