Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Американците го отпуштија Клинсман

Германскиот тренер Јирген Клинсман доби отказ од местото селектор на Соединетите Американски Држави.

Клинсман ги водеше Американците од 2011 година и со нив се пласира во осминафиналето на Светското првенство 2014 во Бразил.
Но, со поразите од Мексико и од Костарика на стартот на последната рунда од квалификациите за Светското првенство 2018 година, САД го доведе во прашање пласманот во Русија.
Клинсман беше уверен дека е сигурен на својата позиција и изјави дека резултатите ќе дојдат, но во Фудбалскиот сојуз на САД сепак одлучија дека им е потребна промена.
„Донесовме тешка одлука за разделба со Клинсман. Сакаме да му се заблагодариме за напорната работа и за посветеноста во изминатите пет години. Ја презеде одговорноста со доаѓањето на чело на програмата и оствари забележителни резултати. Свесни сме за историските победи, вклучувајќи го и пласманот од групата на смртта на Светското првенство 2014 година, но и помалку јавните напори. Ги предизвика сите во американската фудбалска заедница да размислуваат на нов начин, му благодариме за развојот на нашата организација и користа која ќе ја имаме од тоа во наредните години“, соопшти Фудбалскиот сојуз на САД.

 

Најнови вести