10.12.2016  Интер го нуди Јоветиќ за Бадељ 
   Италијанските медиуми пренесоа дека Интер го понудил Стеван Јоветиќ на Фиорентина во замена за Милан Бадељ.  
 
 Според пишувањата покрај Интер за Бадељ е заинтересиран и Милан, па се очекува ривалите од Милано да се судрат уште еднаш, овој пат за Хрватот во Фиорентина.
Потенцијалното враќање на Јоветиќ во Фиренца секако би го поздравил спортскиот директор на „виолетовите“ Панталео Корвино кој и го доведе Црногорецот во тој клуб.
Фиорентина според наводите би сакал да го комплетира трансферот во првите денови на јануари затоа што Мауро Зарате најверојатно ќе го напушти клубот.