25.1.2017  Лестер веќе го продаде засилувањето од летоска 
   Одбранбениот фудбалер Луис Ернандез, кој минатото лето дојде во Лестер, шест месеци подоцна се пресели во Малага.
  
 
 Дваесет и седумгодишниот Шпанец во редовите на шампионот на Англија стигна како слободен играч од Спортинг Хихон, но во Премиер лигата одигра само четири натпревари (три пати стартер).
Финансиските детали на трансферот не се познати.
Лестер неодамна го напушти и Џефри Шлуп, кој за 12,5 милиони фунти се пресели во Кристал палас.