Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2017

Македонските клубови стартуваат во квалификациите за Лига на Европа

Трите македонски клубови кои играат во квалификациите од Лига на Европа - Работнички, Шкендија и Пелистер денеска ги имаат своите први настапи.

Шкендија во 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ја пречекува екипата на Дачија од Романија. 
Од таборот на Шкендија порачаа дека се подготвени за предизвикот и свесни се дека ги очекува тежок дуел со Дачија, но романскиот противник не е тим кој не може да се елиминира.
Работнички е голем фаворит во дуелот со Тре Пене од Сан Марино, а првиот меч „романтичарите“ го играат на гостински терен во 20:30 часот.
Клубот од Градски парк е единствениот македонски тим кој беше носител во ждрепката, па според очекувањата не би требало да има посериозна задача за пласман во следната рунда иако во последно време во европските натпреварувања нема тотални аутсајдери.
Најтешкиот противник го доби освојувачот на Купот на Македонија, Пелистер кој од 20:45 часот му гостува на Лех Познањ, полскиот противник кој е голем фаворит.
Битолчани сакаат да се претстава во добро светло на гостувањето кај поквалитетниот противник и да остварат резултат кој ќе влее надеж дека може да направат изненадување во реваншот. 

Најнови вести