05.7.2017  Луис Густаво дојде во Марсеј 
   Олимпик Марсеј го доведе искусниот бразилски репрезентативец Луис Густаво, досегашниот фудбалер на германскиот бундеслигаш Волфсбург.  
 
 Густаво дојде во Германија пред една деценија, а го носеше дресот и на Баер Минхен.
Дваесет и деветгодишниот фудбалер од средината на теренот со Волфсбург го освои германскиот Куп, но не бил задоволен од ситуацијата во клубот и од амбициите на тимот кој обезбеди опстанок во првата лига дури по баражот.
Марсеј веќе го засили нападот со Валери Жермен од Монако. Како налага политиката на клубот деталите и на овој договор не се објавени.