Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Бејл повторно повреден, враќањето неизвесно

Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, доживеа нова повреда само по неколку дена откако закрепна и се врати на тренинзите, соопшти кралскиот клуб.

Велшкиот фудбалер е надвор од теренот од септември поради повреда на листот на ногата, а шампионот на Европа потврди дека доживеал нова повреда бидејќи се жалел на непријатност во левата нога.
По извршените прегледи било установено дека доживеал фибриларна руптура на мускулите. Клубот нема соопштено колку долго ќе трае процесот на закрепнување, а шпанските медиуми пренесуваат дека надвор од теренот ќе биде најмалку уште четири седмици.
Наредниот натпревар фудбалерите на Реал го имаат на 18-ти ноември, кога ќе гостуваат кај Атлетико Мадрид. Кралскиот клуб е трет на табелата на Примера лигата со 23 бода, осум помалку од лидерот Барселона.

Најнови вести