14.2.2018  Германија го собира златото во Пјонгчанг 
   По четвртиот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, во водство според бројот на освоени медали повторно е Германија.  
 
 Олимпијците на Германија освоија пет златни медали откако вчера триумфираа во санкањето за жени.
Едно злато помалку има Холандија, додека најмногу медали вкупно освои Норвешка – 11.
Голема резерва сега има  Канада (10), додека Американците имаат шест, од кои половината се златни.
Денес ќе бидат доделени медалите во шест натпреварувања, меѓу останатите и во слаломот за жени.
1.	Германија - 5 златни, 2 сребрени, 2 бронзени, вкупно 9
2.	Холандија – 4 златни, 4 сребрени, 2 бронзени, вкупно 10
3.	Норвешка – 3 златни, 5 сребрени, 3 бронзени, вкупно 11
4.	Канада – 3 златни, 4 сребрени, 3 бронзени, вкупно 10
5.	САД – 3 златни, 1 сребрен, 2 бронзени, вкупно 6