17.2.2018  Повреден Тони Крос, се следи состојбата 
   Тони Крос, играчот за врска на Реал Мадрид, го повреди латералниот лигамент на левото колено, вчера објави клубот.  
 
 Од Реал не е наведено колку долго ќе отсуствува 28-годишниот Германец, туку само дека неговата состојба ќе се следи, како и дека ќе има нови информации, а „Ас“ пренесува дека отсуството ќе трае најмалку две седмици.
Крос, кој беше стартер на 28 натпревари оваа сезона, сигурно ќе го пропушти натпреварот со Бетис викендов, а неговото место ќе го заземе или Матео Ковачиќ или Дани Себалјос.
Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со ПСЖ на програмата е на шести март, а Реал во првиот натпревар славеше со 3-1.