Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Рускиот Финец му се врати на фудбалот

Преклани беше суспендиран за користење тешка дрога

Роман Еременко кој во 2016 година беше суспендиран поради користење на кокаин додека играше за ЦСКА Москва, денеска стана член на вечниот ривал Спартак. Овој контроверзен фудбалер е роден во Москва, но игра за репрезентацијата на Финска. 
Спартак доби огромно засилување на позицијата полушпиц, а ако Еременко ја врати старата форма, и потврди дека е одличен техничар со добар завршен пас и силен шут, може да биде еден од најдобрите играчи во руската лига, најавуваат стручњаците. Но, во Спартак го знаат ризикот, па може да им се повтори историјата како со Широков или Попов, кои не се прославија, а беа најавувани за големи засилувања. 
Прашање е и во каква физичка форма е Еременко, но тој тврди дека цело време додека бил суспендиран, тренирал, па би можел брзо да се врати во потребниот ритам. Ако се вклопи во тактиката, за еден месец би можел да биде и стартер во редовите на Спартак. 

 

Најнови вести