18.8.2018  Ибрахимовиќ остана без 21 милиони евра 
   Златан се најде на поле во кое не беше успешен како на теренот  
 
 Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ не е успешен во светот на модата, како што тоа е на фудбалскиот терен. Пред неколку години популарниот Ибракадабра во продажба пушти своја модна линија „А-З“. Иако веруваше дека ќе има успешен бизнис, сепак тоа не е така. 
По неколку поминати години и вложени дури 21 милиони евра во промоција на овој бренд, се покажа дека Ибрахимовиќ не може да конкурира на производители како што се „Адидас“ и „Најк“. 
Токму затоа, Ибрахимовиќ реши дека е време да го стопира овој бизнис и да го згасне модниот бренд „А-З“. Едноставно голгетерот сфати дека фудбалскиот терен е местото каде што најдобро може да заработи, а модата ја остави за некои други времиња.