Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Американскиот Македонец им се фалеше на новинарите во Андора

Шејн Витингтон се врати во Шпанија по една сезона помината во рускиот Зенит

Натурализираниот македонски репрезентативец Шејн Витингтон беше претставен како едно од засилувањата за шпанскиот прволигаш Морабанк Андора. Крилниот центар, кој може да игра и како центар, смета дека поради сестраноста, може да биде од помош за неговата нова екипа.
Витингтон можеби ќе игра за Македонија во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021, но тој е резервна варијанта и ќе биде активиран само ако претходно поканата ја одбие Ричард Хендрикс. 
„Ако играм како центар, може да ја користам брзината и шутот, а на позицијата крилен центар би бил повисок од чуварите и би ја користел таа предност“, се пофали Витингтон пред новинарите во малата земја во Пиринеите. 
Морабанк Андора е клуб чиј дрес пред некоја сезона го носеше Војдан Стојановски, а сега Витингтон во дресот на „триколорите“ ќе настапува во шпанската лига и во Еврокупот. 
„Имав лоша сезона во Русија. Згрешив што ја напуштив шпанската лига, каде што со задоволство играв за Обрадоиро. Супер е што ќе учествуваме и во Суперкупот“, додаде Витингтон. 

 

Најнови вести