28.8.2018  Ѓоковиќ сигурен на стартот од УС опен 
   Српскиот тенисер по три часа борба се пласира во следната рунда  
 
 Новак Ѓоковиќ беше подобар од унгарскиот тенисер Матон Фучович со 3-1 во сетови. Двократниот УС опен шампион поведе со со 6-3 во првиот сет, но, Фучорич пружи отпор освојувајќи брејк при резултат од 2-3 во вториот сет, што му донесе израмнување против српскиот ас.
Нешто поизедначени сили и во третиот сет,  Ѓоковиќ мораше да се враќа од негатива од 2-4, па со два брејка го освои сетот за водство од 2-1. Одлучувачкиот сет Новак го освои на фуриозен начин, со 6-0. 
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Тенис Сандгрен.