26.9.2018  Трајковски и Несторовски добија нов тренер 
   Палермо го разреши Бруно Тедино  
 
 Роберто Стелоне е нов тренер на Палермо, италијанскиот фудбалски второлигаш чиј дрес го носат македонските интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски. Стелоне кој има 41 година, на функцијата доаѓа на местото на Бруно Тедино, кој попладнево доби отказ.
Палермо синоќа загуби од прилично слабата Бреша, и тој прв пораз сезонава во Серија Б, беше кобен за стратегот Тедино.
Новиот стратег Стелоне, бил тренер на Фрозинине и Бари, а се враќа во Палермо, откако го водеше и пролетоска, и ова му е втора шанса во третиот клуб во тренерската кариера. Стелоне првиот тренинг со сицилијанците ќе го има в петок.