Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2018

Мејведер го прифати предизвикот од Нурмагомедов – Ќе има ли борба на непоразените?

Старо-новиот шампион во лесна категорија во мешани боречки вештини го предизвика искусниот боксер, а овој порача: Подгответе ги милионите!

Искусниот боксер, Флојд Мејведер, го прифати предизвикот да се бори против Хабиб Нурмагомедов, борецот кој пред извесно време го победи Конор Мекгрегор во борбата за титулата во лесна категорија во мешани боречки вештини. Нурмагомедов преку видео кое се појави на социјалните мрежи му порача на Мејведер дека е време да се борат двајцата непоразени, а овој без размислување го прифати предизвикот, истакнувајќи: „Да го вратиме сјајот на Лас Вегас, телевизиските куќи нека ги подготват милионите“.

Нурмагомедов по борбата со Мекгрегор додаде уште една борба во која остана непоразен во неговиот скор од 27-0, додека лани, Мејведер исто така го победи Ирецот во егзибицискиот бокс меч кој се одржа во „градот на коцката“, и така остана непоразен на 51 борби во неговата кариера.

За овој боксерски спектакл навистина ќе се случи, ќе биде потребна добра организација и многу пари, но фактот дека Мејведер има закажана борба со Пакјао на пролет во 2019 година, може да ја пролонгира најавената спектакуларна борба меѓу Мејведер и Нурмагомедов.