Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2018

Хит на месецот во Ла Лига - Лео Меси само четвртипат во четири години

Лионел Меси е играч на месецот во шпанската Ла Лига, а наградата ќе ја добие во сабота

Лионел Меси е прогласен за играч на месецот септември во Ла Лига и изненадувачки тоа му е само четврто признание во четири години, откако се доделува наградата.

Меси блескаше минатиот месец и заслужено е играч број 1 во една од најсилните фудбалски лиги на планетата, а наградата ќе му биде доделена во сабота. На „Камп Ноу“ пред дуелот меѓу неговата Барселона и Севилја ќе има мала свеченост во чест на Меси и неговата награда.

Ова признание се доделува од пред четири години и Меси дури сега стаса до четворката.

Најнови вести