03.12.2012  Првиот погодок во сезоната малерозен за Андерсон   
   Бразилецот од редовите на Манчестер јунајтед доживеа повреда на задниот дел на бутниот мускул и од теренот ќе отсуствува четири седмици.  
 
 Андерсон, фудбалерот на „црвените ѓаволи“, најверојатно ќе мора да паузира четири седмици бидејќи во триумфот на неговиот тим над Ридинг доживеа повреда на задниот дел на бутниот мускул.
Андерсон во овој натпревар го постигна погодокот за изедначување во 13-тата минута, но во финишот на првото полувреме мораше да излезе од теренот.
Бразилецот во досегашниот тек на сезоната имаше девет настапи за Манчестер јунајтед, а голот против Ридинг му беше премиерен во оваа сезона.