Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2012

Даник од Валенсиен скрши нога

Гаел Даник, 31-годишниот француски играч за врска на Валенсиен, ќе отсуствува од фудбалскиот терен најмалку пет седмици откако ја скрши фибулата на десната нога во лигашкиот натпревар против ПСЖ одигран во вторникот.

Даник, кој е еден од клучните фудбалери на Валенсиен, настрада во судир со Кристоф Жале, а теренот го напушти на носилки во 67-та минута од средбата.
Станува збор за играч кој одигра важна улога во силниот старт на сезоната на Валенсиен, постигнувајќи два гола и шест асистенции, па неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за екипата.
На табелата на француската прва лига Валенсиен се наоѓа на петтото место, со 26 освоени бодови во 17 натпревари.

Најнови вести