10.1.2013  Шилденфелд позајмен во ПАОК 
   Хрватскиот репрезентативец Гордон Шилденфелд, фудбалер на Динамо Москва, е позајмен во грчки ПАОК до крајот на сезонава.  
 
 Дваесет и седумгодишниот Шилденфелд минатото лето од редовите на Ајнтрахт Франкфурт мина во Динамо за милион и пол евра, но во првиот дел од сезоната играше на само шест натпревари во руското првенство.
Солунски ПАОК е во сопственост на рускиот бизнисмен Иван Савиди, а на крајот на сезоната ќе има право да го откупи договорот на стоперот кој минатото лето имаше одлични игри во редовите на хрватската репрезентација на Европското првенство во Полска и Украина.