22.1.2013  Њукасл го доведе бекот на Нанси   
   Масадио Хајдара, фудбалерот на францускиот прволигаш Нанси, кариерата ќе ја продолжи во англискиот Њукасл, објави францускиот клуб.  
 
 „По 46 натпревари и две и пол години поминати во дресот на Нанси, Масадио Хајдара си заминува од клубот. Клубовите постигнаа договор и тој ќе биде потпишан во текот на денот“, пишува во соопштението на интернет-страницата на Нанси.
Хајдара има 20 години и игра на позицијата лев бек. Тој за младата репрезентација на Франција досега одиграл два натпревари.