30.1.2013  Квинс парк ренџерс  го доведе Кореецот Јун Сук-Јанг 
   Последнопласираната екипа на првата англиска фудбалска лига, Квинс парк ренџерс, ги засили редовите со корејскиот репрезентативец Јун Сук-Јанг.  
 
 Дваесет и двегодишниот Кореец, кој игра на позицијата лев одбранбен играч, пристигна од јужнокорејскиот клуб Чунам Драгонс, а засега не е позната висината на оштетата. Сук-Јанг има еден настап за репрезентацијата на Јужна Кореја, а официјално на британската јавност ќе ѝ биде претставен откако ќе добие виза.
Сук-Јанг во Квинс парк ренџерс ќе му се приклучи на својот сонародник Парк Ји-Сунг, поранешен член на Манчестер јунајтед, кој минатото лето пристигна на „Лофтус роуд“.