07.2.2013  Гасол најмалку четири седмици надвор од теренот 
   Пау Гасол, крилниот центар на Лос Анџелес лејкерс, го повреди стапалото на натпреварот со Бруклин во вторникот и ќе паузира најмалку четири седмици.  
 
 Како што наведуваат медиумите во САД, тешко е да се процени должината на паузата, потребно е да се извршат дополнителни анализи, а Шпанецот би можело да отсуствува и до три месеци ако треба да оди на операција.
Гасол таа повреда го мачи во текот на целата сезона, а нагло му се влоши на натпреварот со Бруклин во вторникот.
„Загрижен сум, никогаш ништо слично не сум почувствувал“, рече Гасол по повредата.
Шпанскиот кошаркар просечно оваа сезона има 13,4 поени и осум скокови.