26.3.2013  Едкинс нов тренер на Ридинг 
   Премиерлигашот Ридинг потпиша тригодишен договор со тренерот Најџел Едкинс, пренесоа британските медиуми.
  
 
 Едкинс, кој пред два месеци беше отпуштен од Саутхемптон, на клупата на Ридинг ќе го замени Брајан Мекдермот, кој пред две седмици доби отказ поради лошите резултати.
На осум кола пред крајот, Ридинг се наоѓа на претпоследното, 19-то место на табелата со 23 бодови, колку што има и последниот Квинс парк ренџерс.
Ридинг има седум бодови помалку од Астон вила на 17-тото место, која не се наоѓа во зоната за испаѓање.
Ридинг во сабота ќе игра против Арсенал, додека на шести април ќе го дочека Саутхемптон, кој има осум бодови повеќе.