07.7.2011  Санино тренер на Сиена 
   Од Сиена, новиот член на Серија А, потврдија дека го ангажирале Џузепе Санино на местото прв тренер на екипата.  
 
 Санино ќе го наследи Антонио Конте, кој по обезбедувањето на место во
елитното друштво, од Сиена замина во Јувентус.
Потпишана е двегодишна соработка, а во Сиена, педесет и тригодишниот
стратег доаѓа по минати три сезони во нисколигашот Варезе.
За Санино ова ќе биде прв прволигашки ангажман.