01.7.2013  Санино нов тренер на Киево 
   Италијанскиот фудбалски тренер Џузепе Санино е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Киево од Верона.  
 
 Педесет и шестгодишниот Санино доаѓа на местото на Еугенио Корини, поранешниот фудбалер на Киево, кој минатата сезона беше на клупата на клубот од Верона.
Должината на договорот и финансиските детали не се соопштени. 
Санино во досегашната кариера тренираше голем број италијански клубови, меѓу кои се: Палермо, Сиена, Варезе и Козенца.
Минатата сезона екипата од Верона го освои 12-тото место во Серија А.