18.9.2013  Колумбиецот Муриел го продолжи договорот со Удинезе 
   Луис Муриел, колумбискиот репрезентативец и член на италијанскиот Удинезе, го продолжи договорот со клубот до крајот на јуни 2018 година.  
 
 Финансиските детали на новиот ангажман не се соопштени. Муриел во Удинезе дојде во јули 2010 година, но првите две сезони ги помина на заем во Гранада и во Лече.
Минатата сезона конечно доби шанса во Удинезе и на 22 првенствени средби постигна 11 голови. Муриел досега за националниот тим на Колумбија одигра четири натпревари.