16.8.2011  Жалгирис го доведе Лосон од Денвер 
   Поранешниот плејмејкер на НБА-лигашот Денвер нагетс, Тај Лосон потпиша договор со Жалгирис Каунас.   
 
 Генералниот директор на литванскиот клуб Паулиус Мотиејунас рече дека Лосон за тимот од Каунас ќе игра сè додека во НБА-лигата не помине локаутот, односно додека претставниците на клубовите и играчите не го решат прашањето за висината на платите на кошаркарите.
Лосон во Жалгирис ќе игра со уште еден поранешен член на Денвер нагетс, Сони Вимс, кој минатиот месец дојде во Литванија.
Минатата сезона во НБА-лигата Лосон просечно бележеше 11,7 поени и 4,7 асистенции по натпревар.
Дерон Вилијамс од Њу Џерси нетс отиде во турскиот Бешикташ, а неговиот поранешен соиграч од Нетс Саша Вујачиќ потпиша за Ефес пилсен од Истанбул.