13.5.2014  Штутгарт го врати тренерот на шампионската генерација 
   Фудбалскиот клуб Штутгарт го разреши од должноста тренер Холанѓанецот Хуб Стевенс и на негово место го постави 53-годишниот Армин Вех, кој веќе седеше на клупата на „швабите“ и ги одведе до титулата во 2007 година.
  
 
 Вех потпиша двегодишен договор со Штутгарт, во кого се враќа по тригодишниот престој во Ајнтрахт од Франкфурт. Претходно има работено во: Хамбургер, Волфсбург, Аугсбург, Ханза, Шалке...
Штутгарт во штотуку завршената сезона дури на едно коло пред крајот обезбеди опстанок во Бундеслигата.
„Имав ветувачки разговор со луѓето од клубот и многу сум задоволен што добив шанса повторно да се обидам да направам нешто во Штутгарт. За овој клуб ме врзуваат само најубави сеќавања. Штутгарт има голем потенцијал и убеден сум дека можеме да ги поставиме работите на свое место“, изјави Вех.