09.6.2014  Зидан: Продолжувам во Реал 
   Поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан изјави дека и наредната сезона ќе биде помошен тренер во Реал од Мадрид.
  
 
 „Овде сум и ќе продолжам да работам во Реал. Уживам работејќи како тренер. Не е исто како играњето фудбал, но сепак уживам“, изјави Зидан за шпанските медиуми.
Медиумите во последните неколку седмици шпекулираа дека Зидан ќе го напушти Реал и дека ќе го преземе францускиот Бордо, а подоцна тоа го потврди и претседателот на тој клуб Жан-Луј Трио.
„Нема да одречам дека контактиравме, но не можевме да го ангажираме. Тој е посветен на Реал“, изјави Трио.