Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2014

Робен: Се извинувам поради симулирањето

Арјен Робен, репрезентативецот на Холандија, им се извини на навивачите поради обидот на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Мексико да изнуди пенал за својот тим.

Холандија со 2-1 го победи Мексико со голот од пенал на Хунтелар, кој во продолжението на средбата го изнуди Робен. Првотимецот на Баерн Минхен претходно два пати падна во казнениот простор на противникот, што за судијата Педро Проенси не беше доволно за пенал.
„Морам да се извинам. Овој последниот беше пенал, додека во првото полувреме симулирав. Не би требало да го правам тоа“, изјави Робен за холандската телевизија НОС.
Тој по досудениот пенал му пристапил на Хунтелар и го прашал дали сака да ја изведе најстрогата казна.
„Обично имам самодоверба да изведам пенал, но овој пат бев тој што беше соборен. Бев убеден дека Хунтелар ќе го постигне. Тоа беше негов момент и го заслужи. Плачев од возбуда по голот, сакаме да го освоиме ова првенство, да се бориме до крајот и горд сум на соиграчите, посебно на младите“, додаде Робен.

Најнови вести